|
Во ова Одделение се
обработуваат поберидбените процеси на тутунот и
тоа: нажолтување, сушење, манипулација, ферментација и
чување на тутунот. Исто така се проучуваат и
технолошките постапки од фабрикацијата се до изработка
на готов производ - цигара. Во доменот на сушење на
тутунот веќе се дадени и комплетни решенија кон
намалување на трошоците на сушењето со изградба на
комбинирани сушници. Во лабораториите на ова одделение
комплетно се испитуваат физичките, водно-физичките и
други технолошки својства на тутунот. |
 |