01 ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЕКОНОМСКО ПЛАНИРАЊЕ И ПРОГРАМИРАЊЕ

Ова одделение работи на проучување на економската проблематика на тутунското стопанисување во целиот репродукционен процес. Го проучува влијанието на економските мерки и инструментите на економската политика на Земјата и нивното влијание врз тутунското стопанство и дава предлози и мислења за прилагодување на истото.

Одделение изготвува анализи, елаборати и проекти од областа на примарното производство, обработката, преработката и прометната и финансиската сфера, а исто така е оспособено и за вршење на проценка на претпријатијата, изготвување на инвестициони програми, како и секаков вид на програми од областа на економијата и менаџментот на претпријатијата.

 03

 Научно истражувачки кадар во Одделението

д-р Снежана Стојаноска

Научен советник
Вонреден професор

Раководител на Одделение

телефон: 412 760 локал 251