01

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ХЕМИЈА НА ТУТУНОТ, ТУТУНСКИОТ ЧАД, РЕЗИДУИ ОД ПЕСТИЦИДИ И БИОХЕМИЈА

Ова одделение врши хемиски испитувања на сите типови тутун и тутунски преработки застапени во Република Македонија. Испитувањата се вршат со цел да се утврдат нивните квалитетни својства.

Главни дејности на Одделението се:

  • Испитување на хемискиот состав на тутунот и тутунскиот чад

  • Научноистражувачка работа од областа на хемија на тутунот

  • Проучување на современите аналитички методи и развивање на сопствени методи за анализа на тутунот и чадот.

Анализите во лабораторијата се вршат според препорачани, признати методи и во согласност со меѓународни стандарди на CORESTA, ISO и DIN.

Лабораторијата е овластена од Министерството на Р. Македонија за вршење на хемиски анализи на тутун и тутунски преработки и опремена со соодветни инструменти.

·  Спектрометар PUUV/VIS

·  Машина за пушење Borgwaldt CRM 20

·  Анализатор за CO/CO2 Borgwaldt C-24

·Апарати за мерење и контрола на физичките параметри на цигарите

02   Проекти 2006-2008 година

1. Moжности за воведување на растителни култури со биолошко активни компоненти од интерес за прехранбената и фармацевтската индустрија

Раководител на проектот: д-р Кирил Филипоски

 

 03

 Научно истражувачки кадар во Одделението

д-р Марија Србиноска

Виш научен соработник

Вонреден професор

Раководител на Одделение

e-mail: marijasrbinoska@yahoo.com

телефон: 412 760 локал 226