|
Ова одделение работи на
проблемите сврзани со типскиот состав на тутунот во
Република Македонија според потребите на внатрешниот и
надворешниот пазар. Својата научноистражувачка работа
ја има усмерено кон подобрување на постојните и кон
создавање на нови сорти тутун.
Одделението располога со лабораторија
in vitro
и ген - банка за колекционирање на семенски материјал
од сите типови и сорти тутун како и повеќе диви видови
тутун.
Во склоп на Одделението е вклучена и Службата за
производство на тутун и тутунско семе, кое врши
производство, доработка и дистрибуција на семенски
материјал за потребите на тутунското стопанство во
земјата и пошироко. |
 |