|
Активноста на
Одделението за агротехника на тутунот е насочена кон
примена на најсовремени агротехнички мерки за добивање
на тутунска суровина со висок принос и квалитет.
Својата дејност ја остварува преку полски
демонстративни опити и лабораториски проучувања на
поважните макро и микроелементи во почвата и
тутунската суровина. Исто така, во ова Одделение се
врши испитување на поважните водно-физички својства на
почвата и режими за наводнување на тутунот.
ИТП преку Одделението
за Агротехника, е првата Институција во Република
Македонија која врши систематска контрола на плодноста
на тутунските почви.
Во последно време работи и на одредување на содржината
на тешките метали во тутунот и тутунските почви. |