MK EN

Производна дејност

Производната дејност се остварува преку службата за семепроизводство. Оваа служба врши производство, контрола и дистрибуција на семенскиот материјал координирано со потребите на тутунските претпријатија.

ИТП секоја година произведува околу 20 тони тутун како спореден производ од парцелите за производство на семенски материјал и опитните истражувања.

Согласно законот за семе и саден материјал Научниот Институт за тутун е овластен за производство, доработка и дистрибуција на семенски материјал од тутун.