MK EN

Научно-истражувачка дејност

Основна задача на НИТП е да ги унапредува производството, обработката, преработката и економиката на тутунот.

Научноистражувачката дејност во оваа институција се изведува во повеќе насоки и тоа:

Во изминатите осум децении како резултат на научноистражувачката и апликативната работа научните и стручните работници од НИТП објавиле повеќе од 2000 научни и стручни трудови. Во овој период реализирани се вкупно 209 научноистражувачки проекти. Научниот Институт за тутун учествува во долгорочниот проект на CORESTA "Патогеничноста на пераноспората" со своите сорти V53 (вирџинија) и Б2/93 (берлеј), каде сортата V53 има постигнато завидни резултати. Постигнатите резултати од научноистражувачката работа научните работници од НИТП ги презентираат на бројни конгреси, симпозиуми и советувања организирани во земјата и странство.

Научниот Институт за тутун-Прилеп е членка на меѓународната организација за научни истражувања од областа на тутунот - CORESTA
Институтот за тутун има склучено договори за научно стручна соработка со следниве институтции:

  • Земјоделски факултет, Република Србија
  • Институтот за тутун и тутунски преработки во Пловдив - Бугарија и др.
  • Институт за проучавање лековитог биља , Република Србија
  • Институт за земљиште , Република Србија
  • Технолошки факултет,Република Србија
  • Институт за економику пољопривреде Београд, Република Србија
  • Институт за ратарство и повртарство, Република Србија
  • Ветеринарен факултет Битола