MK EN

Учество на симпозиуми и конгреси

Во периодот од 9-14 10.2016 год. проф. д-р Гордана Мицеска и проф. д-р Мирослав Димитриески учествуваа на Меѓународниот конгрес CORESTA , кој се одржа во Берлин Германија , со трудот под наслов:Tobacco production in Macedonia.

проф.д-р Гордана Мицеска и проф.д-р Марија Србиноска присуствуваа како посматрачи на 30то генерално годишно собрание на Меѓународната асоцијација на одгледувачи на тутун (ITGA) од во Мадрид, Шпанија На собранието зедоа учество делегати од земјите членки на асоцијацијата од Африка, Азија, Европа и Северна и Јужна Америка. На средбата беа презентирани Законските обврски во Европската Унија за производство на тутун, Одржувањето на седмата конференција на земјите потписнички на Рамковната конвенција за контрола на тутунот, Иницијативи и предлози од земјите членки на ITGA за оваа конференција, Пазарот на тутун во светот и друго.
На одделни состаноци делегатите од секој континент ги разгледуваа социјално- економските и политички предизвици со кои се соочуваат тутунопроизводителите во нивните земји и ги утврдија натамошните чекори со кои би делувала Меѓународната асоцијација на одгледувачите на тутун во подршка на овој сектор.

На 11ти октомври 2015 година во Комотини, Грција се одржа четвртиот Форум за ориенталски тутун во организација на Меѓународната асоцијација на одгледувачи на тутун (ITGA) каде како претставници од Научниот институт за тутун -Прилеп присуствуваа проф.д-р Гордана Мицеска, проф.д-р Мирослав Димитриески, проф.д-р Марија Србиноска, проф.д-р Валентина Пеливаноска, проф.д-р Ана Корубин Алексоска, роф.д-р Биљана Гвероска и м-р Наташа Здравеска.
Проф. д-р Марија Србиноска излагаше на тема: Тенденција на потрошувачка на амеркански бленд за цигари и пазарот за ориенталски тутун.
На форумот зедоа учествуваа претставници на стотина илјади одгледувачи на ориентален тутун и тутунопреработувачи од Македонија, Бугарија, Србија, Грција и од Турција.
Главна тема беа можностите за зголемување на производството на ориенталски тутун и освојување на нови пазарите за пласман на ориенталски тутун. По излагањата во склоп на форумот беше донесена и потпишана Декларација од сите учесници на форумот.

Oд 16-21 Февруари 2014 год. група научни работници од НИТП учествуваа со свои трудови на 49- тиот Хрватски и 7 Интернационален симпозиум за Агротехника и тоа:

  • Gordana Miceska, Ana Korubin – Aleksoska, Biljana Gveroska, Miroslav Dimitrieski Investigations of some quantitative traits in autochthonous tobacco varieties in Republic of Macedonia (abstract)
  • Biljana Gveroska, Gordana Miceska, Miroslav Dimitrieski, Ana Korubin – Aleksoska Effect of the plant hormone kinetin on reducing the intensity of brown spot disease on tobacco (abstract)
  • Ana Korubin – Aleksoska, Zlatko Arsov, Gordana Miceska, Biljana Gveroska, Miroslav Dimitrieski, Jane Aleksoski, Žarko Bebić Detection of resistance to diseases in a trial with diallel crosses of tobacco (abstract)

Од 13-17 Октомври 2013 год. четворица научни работници од НИТП учествуваа на Конгресот од CORESTA свои трудови во работата на групата за Агрономија фитопатологија и генетика во Brufa di Torgiano – Italja , и тоа :

  • DIMITRIESKI M.; MICESKA G.; KORUBIN-ALEKSOSKA A. Production characteristics of four Oriental tobacco lines resistant to black shank (Phytophthora parasitica var. nicotianae) (abstract)
  • GVEROSKA B. Biological control of Rhizoctonia solani in tobacco seedlings with some Trichoderma species (abstract)
  • KORUBIN-ALEKSOSKA A.; MICESKA G.; DIMITRIESKI M.; ALEKSOSKI J. Plant breeding for creation of late-maturing Oriental tobacco genotypes(abstract)

Од 18-20 Јуни 2012 група на научни работници учествуваа на меѓународната конференција за бионаука во Нови Сад Србија и тоа

  • Валентина Пеливаноска, Билјана Јорданоска со трудот ВЛИЈАНИЕ НА НЕКОИ МИНЕРАЛНИ ЃУБРИВА ВРЗ КВАНТИТЕТНИТЕ И КВАЛИТЕТНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОРИЕНТАЛСКАТА СОРТА ТУТУН, НС-72 (абстракт)

Од 11- 14 јуни 2012 наши научни работници учествуваа на 4-тиот меѓународен конгрес за Легални - економски и еколошки аспекти за одржување на околината од хемиската и нафтената индустрија Тара, Србија со следниот труд КАЛТА ОД ОТПАДНИТЕ ВОДИ КАКО СУРОВИНА ЗА ДОБИВАЊЕ НА КОМБИНИРАНО ЃУБРИВО (абстракт)

На 7-8 јуни 2102 во Стара Загора група на наши научни работници учествуваа на 22- та меѓународна научна конференција и тоа Билјана Јорданоска, Валентина Пеливаноска, Кирил Филипоски со следниот труд СОДРЖИНА Cu, Zn, Mn AND Fe ВО ОРИЕНТАЛНИОТ ТУТУН ПРОИЗВЕДЕН ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (абстракт)