MK EN

Едукативна дејност

Како членка на Универзитетот Св. Климент Охридски-Битола, Институтот за тутун врши високообразовна дејност од втор циклус на студии - постдипломски студии, според Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус студии на Универзитетот"Св. Климент Охридски" - Битола. Едногодишните и двегодишните студиските програми по Производство на тутун и Обработка и преработка на тутун се акредитирани од Одборот за акредитација на Република македонија.

Со постдипломските студии се има за цел кандидатите да се стекнат со што е можно подобра комбинација на теоретско, практично и стручно знаење од избраната област, така што како магистри по земјоделски науки би поседувале современи теоретски и практични вештини од областа на производството, обработката и преработката на тутун.