MK EN

Директор

Проф д-р Гордана Мицеска
Научен советник
Редовен професор
e-mail: e-mail: miceskag@mail.net.com
телефон: 412 760 локал 220

I. Образование:

Докторат:

Природно - Матаематички факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј"- Скопје, Институт за биологија, група - Биохемија со физиологија.

Докторска дисертација по наслов: "Морфолошко - физиолошки промени на тутун од тип Pрилеп заразен со Tobacco mosaic virus Allard (TMV)" ја одбранува 2001год. и се стекнува со академски степен Доктор на Биолошки науки.

Последипломски студии:

Природно -математички факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј"- Скопје, Институт за биологија, група Биохемија со физиологија.

Магистерскиот труд го одбранува 1993 год. здобивајќи се со звање Магистер на биолошки науки

Високо образование:

Биолошки факултет, Универзитет "Св.Кирил и Методиј"- Скопје, општа насока

II. Професионален ангажман:

  • Научен советник во 2009 (Билтен бр 321)
  • Виш научен соработник во 2004 година (Билтен 264 од 1. 09. 2004 година, издаден од Универзитетот "Св Климент Охридски" во Битола).
  • Во звањето Научен соработник избрана е во 2001 година (Билтен 223 од 2.IV 2001година, издаден од Универзитетот "Св Климент Охридски" во Битола)
  • Во звањето асистент истражувач избрана е 1994 год.
  • Во Институтот за тутун - Прилеп, се вработив во 1985 год. во Одделението за генетика, селекција и семеконтрола на работното место како помлад асистент се до 1993 год. кога сум избрана во звањето стручен соработник.
  • Во учебната 1984/85 год. вработена во училиштето за средно насочено образование "Народен Херој Орде Чопела" - Прилеп како професор по предметите Биологија и Основи на прехрамбеното производство.
  • Во 2008 година ( Билтен бр. 302 од 28.12.2007) избрана сум во наставно-научно звање - вонреден професор по предметот "Биохемиски промени во производството, обработката и преработката на тутунот" (група Обработка и преработка на тутунот како и предметите: "Физиологија на растење и развиток на тутунот со култура на тутун" (група Производство на тутун); "Основи на цитогенетика и генетика на тутунот" (група - Производство на тутун); "Методологија на истражувачката работа" (група- Обработка и преработка на тутун) - Изборни предмети на последипломските студии во Научниот институт за тутун Прилеп.
  • Член и раководител на Групата за биологија, а денес потпретседател при Друштвото за наука - Прилеп тн.
  • Во текот на своето работно искуство била член на Советот на Институтот за тутун, член на Комисијата за Јавни набавки, член во Организационите одбори на Симпозиумите по тутун, член во разни комисии на Универзитетот "Св. Климент Охридски" - Битола, член на Друштвото на биолози на Р.Македонија.

III. Научно-истражувачка дејност

  • Учесник сум во создавањето на признатите девет ориенталски сорти тутун: Прилеп 65/94, Прилеп 79-94, Викторија 1 , Прилеп 66-9/7, Прилеп 123-7/2 и Јака 141-3/7) како и Прилеп 112-2/1, Прилеп 146-3/2,Прилеп 146 -7/1).
  • Свои научни и стручни достигнувања (во соработка и со други соработници) имам презентирано на седум Симпозиуми по тутун, на I и II Конгрес на Биолозите, на три Конгреси за заштита на растенијата одржани во Р. Македонија
  • Исто така, имам презентирано трудови и во странство и тоа на конгресот на CORESTA, (Монтре, Брајтон, Букурешт, Шангај, Ровињ), Балканска конференција во Р. Бугарија, Сандански, "Ден на вишната", во Пролом Бања; 3 Југословенски симпозиум на прехрамбената технологија , Белград, II Балканска научна конференција - Пловдив III Јубилејна научна конференција, Пловдив , 9 Хрватски билошки конгрес, (Ровињ), 70 годишнина на Институтот за заштита на растенијата, Костинброд; 44 и 45 Хрватски и 4 и 5 меѓународни симпозиј агронома, Опатија, IV Конгрес на Српското Друштвото за генетичари (Тара).
  • Во досегашната работа како автор и коавтор имам објавено и соопштено 93 научни трудови од областа на генетиката, селекцијата и физиологијата на тутуновото растение, еден сум од авторите на Практикумот по генетика, селекција и семеконтрола, како и Монографијата по повод 35 години од формирањето на ДНУ, Прилеп.
  • Учество во повеќе научноистражувачки и развојни проекти со национален и меѓународен карактер
  • Активно учество на голем број домашни, европски и светски конгреси, симпозиуми и стручно научни средби.