MK EN

Библиотека

Библиотеката во Институтот за тутун се формира со самото формирање на опитната станица кога се направени првите напори за прибирање на книги и водење на библиотечна евиденција. Така според евиденционата книга таа на 19 март 1929 година поседувала 172 книги. Денес библиотеката располага со вкупен фонд од 4211 книги и 125 наслови на научни и стручни списанија. Ако се знае дека скоро сите наслови се поврзани со културата тутун, слободно можеме да кажеме дека библиотеката располага со огромен број на библиотечни единици.