Огласна табла
Соопштение
Студентите на студиските програми на Научниот Институт за Тутун - Прилеп, барања за издавање на потврди, уверенија и друго може поднесуваат и електронски на mail кај соодветниот раководител на студиска програма:- Проф д-р Биљана Гвероска - раководител на студиската програма Производство на тутун на втор циклус едногодишни и двегодишни академски универзитетски студии. (mail: bgveros@yahoo.com)
- Проф д-р Марија Србиноска - раководител на студиската програма Обработка и преработка на тутун на втор циклус едногодишни и двегодишни академски универзитетски студии и раководител на студиските програми на трет циклус студии. (mail: srbinoska.marija2014@gmail.com)
- Доц д-р Силвана Пашовска - раководител на студиската програма Агроменаџмент во тутунското стопанство на втор циклус едногодишни академски универзитетски студии.
Во прилог на барањето во скенирана форма да биде приложена и уплатницата за платени административни такси.
Во барањето студентите да наведат дали бараниот поднесок лично ќе го подигнат од раководителот на студиската програма или да им ја испрати на маил.
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсите за втор и трет циклус секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.uklo.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Линк →
Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавниот лист што се поднесува при пријавувањето за запишување.
Пријавувањето на кандидатите за трет циклус се врши електронски со испраќање на пријавниот лист по електронска пошта (e-mail) на следниве контакти: marija.srbinoska@uklo.edu.mk и ana.aleksoska@uklo.edu.mk.
Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.
Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда по електронската пошта дека пријавата е уредно поднесена и роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат оригиналните документи за пријавување и за запишување.

Одлука за спроведување на колоквиуми, испити и одбрана на магистерски и докторски трудови за учебна 2019 - 2020

Во врска со преземените мерки на Владата за корона вирусот контакт лицa:
Наташа Здравеска: 075 216 185; natasha_z78@yahoo.com
Гоце Петроски: 075 212 511; gpetroski_2008@yahoo.com


Каталогот на сите изданија на литература печатена од страна на Министерството за образование и наука и Министерството за култура

На ден 04.10.2013 се одржа одбраната на магистерската дисертација од зем. инж. Климе Дамчески со наслов Анализа на производството на тутун во Р. Македонија по региони и општини.


Распоред за студиска програма Производство на тутун

На ден 03.10.2013 се одржа одбраната на магистерската дисертација од зем. инж. Влатко Белоски со наслов Влијание на некои средства врз ртливоста на тутунското семе од типот Берлеј.


На ден 25.09.2013 се одржа одбраната на магистерската дисертација од дипл. инж. технолог. Марин Христоски со наслов Корелација помеѓу содржината на тешките метали во почвата и тутунската суровина во скопскиот производен реон.
